Познато како ќе изгледа задната камера на Huawei Mate 30

од Vlatko K
100 прегледи

Кинескиот производител продолжува да работи напорно на својот следен предводник, и покрај
бројните прашања во врска со нивната иднина на пазарот на паметни телефони.

Huawei ја подготвува премиерата на својот следен премиум модел, кој ќе се нарекува Mate 30, а ние ќе го видиме за прв пат пред крајот на октомври. Новиот паметен телефон ќе понуди голем број софтверски и хардверски додатоци, но исто така ќе има и четири задни камери, велат од mspoweruser.

Сликата што ја потврдува оваа функција во долгоочекуваниот наследник на Huawei Mate 20 беше пуштена на Интернет.

Исто така, вреди да се забележи различниот дизајн на задните леќи во споредба со претходната верзија. Huawei Mate 30 ќе има четири камери поставени во центарот на голем круг.

Фотографијата исто така го покажува логото на Leica, кое гарантира дека камерите повторно ќе бидат произведени од германскиот бренд.

Најголемиот сензор е поставен во централниот дел од модулот на камерата и уште две леќи се
видливи налево. Четвртиот се наоѓа на десната страна, каде е и LED-блицот. Можеме да очекуваме
барем една камера да користи ToF технологија, која добива се повеќе и повеќе популарност. Сè
уште немаме потврда за резолуцијата на сите четири камери на задната страна на Huawei Mate 30.
Нивниот иновативен дизајн сигурно ќе ги разликува визуелно од другите паметни телефони на
пазарот.

Слични содржини