Употребата на беспилотни воздушни возила за деловни цели се зголемува, но во исто време ги
зголемува опасностите поврзани со нив. Хакерите можат да ги користат дроновите за
терористички напади, предупредуваат експертите од аналитичарската фирма IOActive.

Трговијата со дронови е закана за безбедноста на населението ширум светот. IOActive верува дека
широката употреба на беспилотни летала од страна на бизнисот крие голем број на невидливи
ризици. Според прогнозата на Technavio, пазарот на дронови ќе порасне за 36 отсто на 11,61
милијарди долари помеѓу 2018 и 2022 година.
Според IOActive, зголемената популарност и пристапноста на беспилотните летала не се совпаѓа со
подобрувањето на нивните безбедносни показатели. Меѓу другото, експертите сметаат дека е
можно дроновите да бидат репрограмирани за летови по одредени GPS координати и да вршат
сајбер напади против Wi-Fi мрежи (или други видови на безжични мрежи).
Во прилог, постои потенцијален ризик од спроведување на напади од типот „човек во средина“,
ширење на малициозни програми, напади врз системите за регулирање на сообраќајот и
нарушување на тајноста на одредени географски локации со цел индустриска шпионажа.
IOActive ги повика производителите на дронови да ги преземат сите неопходни мерки за
обезбедување на сајбер безбедноста на уредите. Според аналитичарите слични производи,
произведени од страна на војската, немаат проблем со безбедноста, бидејќи одбраната и
разузнавачките служби ја сфаќаат потребата од максимална заштита од хакери.
Комерцијалните дронови не располагаат во моментов со релевантни карактеристики за
безбедност, бидејќи компаниите, кои ги произведуваат, се пофокусирани на брзото нудење на
производот на пазарот и обрнуваат многу помалку внимание на проблемите со безбедноста.