Заедницата на општини на Република Турција на Општина Маврово и Ростуше и донира камион за собирање смет.

Претседателот на Големото турско Собрание Мустафа Шентоп клучевите од возилото му ги предаде на градоначалникот Медат Куртовски, кој се заблагодари за донацијата, што е добредојдена за одржување на што почиста животна средина.
Куртовски ја предводеше делагацијата на општината во неколкудевната посета на Турција, кој беше придружуван и од претседателот на Советот на општината Алил Алили, членот на Советот Пајазит Мурати, портпаролот Фикрет Ибраими и директорката на ЈПКД „Маврово“ Александра Матеска.
– Освен средбата со господин Шентоп, делегацијата имаше средби и со градоначалници на повеќе оштини во Република Турција на кои беа презентирани можностите за инвестирање во нашата општина во повеќе гранки, пред се лесната индустрија и туризмот, информираат од општината.
Донираниот камион за смет ќе биде отстапен на користење на ЈПКД „Маврово“.
Делегацијата на Општина Маврово и Ростуше се сретнала и со претставници на друштвата на нашинците, по потекло од подрачјето на Река, кои ги има во голем број а дел од нив се и познати бизнисмени. Тие на средбата покажале интерес за инвестирање во родниот крај.