Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња долж улицата „Св. Кирил и Методиј“ спроти Рамстор во општина Центар. Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.

Градот Скопје и во иднина нема да толерира непрописно паркирање и узурпација од возила на јавните површини.