Nordkreuz, Nord Cross, планира серија политички убиства низ цела Германија, објави медиумската група Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).

 

Организацијата со седиште во Мекленбург-Западна Померанија состави листа од 25.000 потенцијални жртви – политичари кои ја дефинираат како свои противници.

Информациите се наведуваат на полициските протоколи од  испрашувања и  достапнност  на медиумски групи.

Канцеларијата на германскиот сојузен обвинител смета дека екстремистите собрале податоци не само за политичарите од Мекленбург-Западна Померанија, туку и од другите провинции.

Помеѓу август 2017 и април 2018 година, властите заплениле документи за пребарување и електронски бази за да ги најдат имињата и адресите на речиси 25.000 противници на организацијата од цела Германија, претежно од лево орјентираните.

Според податоците на RND, членовите на Северниот крст собраа податоци првенствено за креаторите на политиките со позитивен став кон бегалците.

На сослушувањето, еден од членовите на организацијата признава дека неговите членови планирале атентати врз политичките противници.

Адвокатот Јан Хендрик, член на Северниот крст, планирал “на Денот на Хикс” да им даде на своите сопатници увид на позиции кои ќе им овозможат најбрз начин да стигнат до “потребното место”.

Основачот Марко Г., кој беше во притвор минатиот месец, е поранешен член на полициска специјална единица. Според истрагата, тој и тројца други имаат украдена муниција од полициски резерви.

Од август 2017 година, групата е под истрага за сомневање за терористички чин.

Во почетокот на јуни, Германија беше потресена од убиството на Валтер Либек,кој ги поддржуваше бегалците. Се верува дека тоа се одговори на ксенофобичните екстремисти , потсетува Дојче Веле.