Нова награда за „Петрунија“

од Vladimir Zorba
164 прегледи

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан филмот ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска.

Во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот „Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание „Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година.

Во месец јули „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина.

„Петрунија” за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и е ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов се уште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесетта недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.

Слични содржини