На 07.07.2019 во 22.30 часот на улицa „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле лицето Е.А.(28) од Тетово за издржување на казна затвор.
МВР денеска соопшти дека тој бил предаден во Казнено-поправната устаница – Затвор Идризово Скопје за издржување на затворската казна.
На 07.07.2019 година во 16.00 часот во село Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле лицето Ф.С.(47) од село Неготино за издржување казна затвор. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Тетово за издржување на затворската казна.
На 07.07.2019 година во 23.00 часот во Тетово на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од слобода ги лишиле А.А. (28) и Б. А. (21) и двајцата од село Голема Речица. При преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, стои во соопштението, биле контролирани 1214 возачи, од кои 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 73 возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас, четири зборувале на мобилен телефон.
На 07.07.2019 во периодот од 00.00 до 05.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје е спроведена акциска контрола за откривње на возачи кои упрaвуваат возила под дејство на алкохол. Констатирано е дека 12 возачи управувале возило под дејсво на алкохол(ТЕ-09 и ГВ-3). Тие се исклучени од сообраќај, им биле задржани возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Во текот на контролата биле констатирани уште 14 останати прекршоци(ТЕ-11 и ГВ-3) за кои се издадени исто толку соодветни поднесоци.
На 07.07.2019 година во периодот од 00.00 -05.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 30 возачи е утврдено присуство на алкохол, а еден возач одбил алкотестирање. Сите, 31 возач биле исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи и на сите издадени им се мандатни платни налози. Санкционирани се и 31 останати прекршоци.
На 07 јули околу 15.45 часот на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен, патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С(64) од с.Горно Крушје, ресенско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Т.(62)од Ресен, кој бил пренесен во болницата во Ресен. Додека, возачот и други двајца сопатници – Р.С.(37) и малолетник, двајцата од Швајцарија, се здобиле со телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.
На 07.07.2019 година околу 16.40 часот на патот с.Пресека-населба Оризари, атар на с.Пресека, кочанско, мотоцикл „АПН-6“ без регистарски ознаки, управуван од З.А.(56) од Оризари, излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.
На 07.07.2019 година во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акцијата присуство на алкохол во организмот е утврден кај 27 возачи. Исклучени од сообракај се 27 возачи и одземени се возачките дозволи.
На 07.07.2019 година од 00.00 до 05.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи што управуваат возилa под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 20 прекршоци, од кои во Велес седум, во Кавадарци 11 прекршоци и во Неготино два прекршоци.
На 08.07.2019 г. околу 10:40 ч. пријавено е дека во банка во општина Сарај четири лица извршиле разбојништво и со закана од огнено оружје одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Центар, И.Р.(44) од Охрид пријавила дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(28) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.03.2019 година на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај место викано „Кантонче“, полициски службеници при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како сопатник бил еден малолетник, пронашле и одзеле марихуана.