ФОН и МВР ја интензивираат соработката

од Vlatko K
120 прегледи

Брз и ефикасен тренинг за вработените во државните инстуции, особено во делот на исполнување на препораките од извештајот на Прибе, ќе понуди Универзитетот ФОН во рамки на соработката со МВР чие унапредување денеска беше официјализирано со потпишување Меморандум за соработка.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа прилика истакна дека продлабочувањето на соработката е особено битно ако се земе предвид претстојниот интензивен процес за евроатланските интеграции. Главната цел, напомена, ќе биде унапредување на овие процеси преку теоретско и практично знаење на постоечките и идни кадри кои им се потребни на институциите на Северна Македонија.

Генералниот менаџер на ФОН, Сефер Цаноски, се надоврза со презентација на новите, модернизирани наставни програми, со посебен осврт на техничките барања за знаење на НАТО и ЕУ.

Ректорот Нано Ружин, пак, укажа на потребата од спој меѓу практичното и академското знаење, посочувајќи дека Универзитетот е неопходен амалгам за сите три гранки на власта и на овој начин на идните генерации им се овозможува правилно користење на образовните алатки со цел функционално градење и надоградување на државниот систем.