Телефонски разговор Трамп – Макрон околу Иран

од desk4
279 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон за иранската нуклеарна програма, пренесува дописникот на МИА.

Двајцата претседатели „разговараа за тековните напори за гаранциите дека  Иран  нема да се стекне со нуклеарно оружје и да се стави крај на дестабилизирачкото однесување на Иран на Блискиот исток”, се вели во соопштението на Белата куќа, кое беше објавено во француските медиуми.

Елисејската палата го испраќа дипломатскиот советник Емануел Бон во Иран каде ќе треба да работи на деескалацијата“. Тој во Иран ќе се задржи следните два дена. Оваа одлука на францускиот претседател дојде откако Техеран почна да го збогатува ураниумот на ниво забрането со нуклеарниот договор, како одговор на едностраното повлекување на Вашингтон.

Во саботата вечерта, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака „да ги испита до 15 јули условите за продолжување на дијалогот со сите страни“.

-Ние сме во многу критична фаза, бидејќи постои интерес на двете страни да го зголемат притисокот, се вели од Елисејскаат палата.т