Хрватска ” испрати формално писмо со намера да се приклучи на ERM 2 и Европската банкарска унија.” Ова е првата фаза од пристапувањето на земјата во еврозоната. Ова беше објавено во понеделникот на прес-конференцијата по состанокот на Еврогрупата. Веста ја објави нејзиниот претседател, Марио Сентено.

 

“Ова е првиот чекор кон приклучување кон еврозоната, и ја поздравуваме одлуката на хрватската влада да се приклучи на еврото, и ние ќе го поддржиме на овој пат”, рече тој.

  Експертите очекуваат Загреб да го прифати еврото не порано од 2023 година. Истиот временски период е предвиден и за Бугарија.

Комесарот за економски прашања на ЕУ, Пјер Московичи, рече дека потегот на Загреб е “гласање за доверба за еврото”.

Хрватска се обврза да го подготви теренот за Европската централна банка да ја  преземе банкарската супервизија во земјата. Балканската држава исто така се обврза да спроведе реформи во правилата за спречување на перење пари и да направи јавната администрација поефикасна и поевтина, се наведува во соопштението на Еврогрупата.

ЕЦБ и Европската комисија ќе го следат спроведувањето на овие обврски во процес кој се очекува да трае една година.

Хрватска потоа ќе се приклучи на Европскиот монетарен механизам (ERM-2), каде што ќе остане најмалку две години пред да започне практична подготовка за влез во еврозоната, процес кој трае околу една година.