САД и Иран  имале тајни средби во Ирак , информира израелската медиум i24News, цитира  “Џерусалим пост”.

 

Претставници на двете земји разговараа во еден хотел во Ербил , Ирак. Иранците биле предводени од Хасан Хомеини, внук на основачот на Исламската република Иран, ајатолахот Рухолах Хомеини. Иранската делегација, исто така, имала двајца претставници на Револуционерната гарда и специјалниот претставник на Техеран во Ирак.

  И24News, исто така, објави, осврнувајќи се на извори, дека во последно време Револуционерната гарда има поделба , што укажува на тоа дека Исламската Република се соочува со “мек” државен удар.

Иранските извори и за   i24News  посочиле дека Техеран контактирал и со курдската опозиција во Ирак , но разговорите биле “бескорисни”.