САД ги редуцира санкциите кон „Хуавеј“

од Vlatko K
171 прегледи

Американските власти објавија дека ќе ги редуцираат санкциите претходно воведени кон кинеската компанија „Хуавеј“, соопшти американското Министерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека дека отсега Вашингтон им дозволува на националните компании да продаваат производи на „Хуавеј“, ако тоа не ја загрозува националната безбедност.

Компанијата сепак останува на црната листа и американските компании морат да добијат дозвола од Министерството за трговија ако сакаат да соработуваат со „Хуавеј“.

Претходно претседателот Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг, се договорија да ги обноват трговските преговори.