Многумина сакаат телешки котлети, но не знаат да ги направат да бидат сочни. За вас подготвивме еден специјален рецепт – за котлетите да бидат сочни и меки, прсти да излижеш!

СОСТОЈКИ:
1 кг телешки котлети
брашно
јајца
презла
малку сол
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Котлетите исчукајте ги со чекан за месо и малку посолете ги. Оставете ги малку да отстојат, па извалкајте ги во брашно, потоа во разматени јајца и на крај во презла.
Во тава ставете повеќе масло, загрејте, ставете ги котлетите да се пржат.
Испржете ги прво од едната, а потоа и од другата страна, па извадете ги на чинија.
Послужете со компир или зеленчук./Gotvi.mk