Нова фабрика за композитни производи во Визбегово

од desk4
210 прегледи

 Во индустриската зона Визбегово денеска ќе биде отворена фабрика за композитни производи АТС груп, инвестиција од три милиони евра.

Производите од новиот капацитет се наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичката заштита и безбедност.

Според најавата од АТС груп, на отворањето на фабриката ќе се обратат сопственикот на компанијата АТС груп Шефшет Демировски и премиерот Зоран Заев.