Nintendo претстави нова верзија на својата хибридна конзола Switch, кој е помала и поевтина.

Уредот се вика Switch Lite, ќе се фокусира главно на мобилната игра и ќе се продава за 200 долари
(100 долари помалку од првата верзија) од 20-ти септември.
https://youtu.be/jZOPC6J4fAA
Уредот не располага со подвижни контролери, а сите копчиња и џојстици за управување се
интегрирани во куќиштето. Не постои начин да се поврзете со телевизор или друг голем екран, па
затоа е исклучително мобилна конзола.
Switch Lite вклучува помал дисплеј од 5.5-инчи (наместо 6.2), има помала тежина (275 наспроти 297
грама) и ќе биде достапен во жолта, сива и сина боја.
Додадена е поголема батерија која ветува играње од 3 до 7 часа. Општо земено, конзолата ќе може
да работи со сите Switch игри, кои поддржуваат handheld режим, но некои игри ќе имаат
ограничувања.
Објавувањето на уредот доаѓа по серија публикации на Wall Street Journal во текот на изминатите
неколку месеци за постоењето на помала и поевтина верзија на Switch.