Мицкоски нема храброст да решава проблеми. Дејствува против државата против стратешките интереси. Го кочи носењето на Законот за СЈО. Граѓаните ги надитрија лагите на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ немаат став и не знаат што сакаат, изјави вечерва во интервју премиерот Зоран Заев.

Се борев и се борам за Македонците и за Албанците и за сите граѓани во ова наше заедничко општество.
Граѓаните не бираат за да носиме одлуки, а тие се носат дома, низ комуникација со своите граѓани, во интерес на граѓаните.
Бевме заробена држава сега сме блескав пример. Не го кажувам само јас тоа , туку го кажуваат и Хан и новите шефови на ЕУ, целата меѓународна заедница. Ние сме рекорд на патото за НАТО и ратификација на протколот, за само 5-6 месеци преку 20 земји го ратификуваа, а други чекале по година и половина.

Пред две години бевме на праг на граѓанска , цивилна ама не меѓуетничка војна и денес сме горди што одиме напред со демократскиот свет.
Нашата земја е потврда за атрактивноста на Европската Унија