Европскиот суд на правдата ги укина санкциите против поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович ,објави  РИА “Новости”  повикувајќи се  на веб-страницата на организацијата.

“Европскиот суд за општата надлежност поништи замрзнувањето на средствата на седум члена на поранешната украинска владејачка класа, вклучувајќи и на Виктор Јанукович”, се вели во соопштението.

  Одлуката го засегна и синот на Јанукович – Александар, поранешниот министер за приходите и обврските на Украина Александар Клименко, поранешниот премиер Сергеј Арбузов, поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка и неговиот син Артема Пшонка, како и поранешниот шеф на претседателската администрација Андреј Клијев.

Во исто време во понеделникот Советот на ЕУ  продолжи  со ограничувањата против поранешниот претседател на Украина и уште 11 лица.