Volkswagen ја избра Турција за да гради фабрика, отпаднаа Србија и Бугарија

од desk2
194 прегледи

Надзорниот одбор на Volkswagen објави дека избрал локација за фабрика во близина на западниот крајбрежен град Измир. Очигледно, во новата фабрика во Турција ќе прават Škoda и Seat.

Според неофицијални информации од светските медиуми, фабриката Volkswagen ќе произведува 350.000 возила годишно.

Во последните неколку месеци се шпекулираше дека Volkswagen преговара со претставници на неколку земји за локацијата за изградба на фабрика во Југоисточна Европа.

За фабриката се бореа Србија, Бугарија и Турција.

Според шпекулациите, се чини дека за изборот на локацијата притискал Катар, кој има удел од 17 проценти во Volkswagen, а кој се залагал за изградба на фабрика во Турција на состанокот на одборот.

Слични содржини