Денеска вo 1.15 часот во Стар Дојран во близина на плажата Свети Никола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од страна на А.К (31) од Скопје, Љ.М(42) од Скопје, од една страна и И.М(21) од Скопје и Б.А(21) од Скопје од друга страна.

До нарушувањето дошло по претходна расправија околу паркирање на возило. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.