Aнгелевска: Шекеринска во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис

од desk2
168 прегледи

Лицето на транзицијата, симболот на криминалот и корупцијата, главниот соработник на аболираниот за сторен криминал политичар Зоран Заев, имаше можност да им се извини на битолчани за сите лаги, неисполнети ветувања и криминалната транзиција по која битолчани го паметат СДСМ. Радмила Шекеринска главниот соработник на Зоран Заев, во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис и ништо повеќе, изјави Силвана Ангелевска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола која додаде:

„Вчера во Битола, Радмила Шекеринска, продолжи со вообичаената навика да ги лаже битолчани и се обиде да ја прикрие неспособноста на раководството на РЕК Битола. Ова се извештаи од Регулаторната комисија за енергетика од 2010 до 2018 година. И не само што последната година не е рекордна во производство на електрична енергија туку е убедливо најниска. Радмила Шекеринска не знае дека податоците за производство на електрична енергија се документирани и се чуваат. Во последните 10 години во Термоелектрани Битола , највисокото производство на електрична енергија е во 2011 година, 4.189 гигават-часови, а најниско е во 2018 година, 2.603 гигават-часови.“

-Со тоа, лага е дека заради заштита и домаќинско работење ќе се инвестира во заштита на човековата околина. Битола руши рекорди во загадувањето веќе трета година по ред. Така наречената модернизација на електростатските филтри поради начинот на кој ја водите постапката ќе одземе најмалку 3 уште години. Тоа е уште една голема лага и е далеку од сите ваши предизборни ветувања. Вистински и реални заштеди ќе направевте доколку се инвестираше во сопствена механизација на комбинатот , уште едно ваше големо предизборно ветување, за што воопшто не е ни започната постапката.