10 корисни апликации, без кои не треба да тргнувате на одмор

од Vlatko K
278 прегледи

Ако сте еден од многуте луѓе кои патуваат за време на летните одмори, веројатно ќе сакате да се
подготвите порано. Можете да започнете со преземање на некои од овие супер-корисни апликации
за да го направите вашето патување и претстој полесни.


Од резервации до пријавување, од багаж и патување, од исхрана до плаќање, ќе бидете среќни да
ги имате овие мали помошници за вашата следна авантура.

Сите наши предлози се достапни за iOS и Android.

Планирање на патувањето: Kayak

Популарната апликација за планирање на патувања Kayak ви овозможува да пребарувате летови,
хотели и рент а кар. Чистиот интерфејс ви дава комплетна листа на можни опции, вклучувајќи и
промотивни понуди, каде што ќе резервирате летови со две одделни авиокомпании. Можете лесно

да поставите филтри за да го најдете токму она што го сакате. Не сте сигурни дали ова е вистинско
време за купување на билети сега? Апликацијата одговара на ова прашање со зелен „Buy“
индикатор кога цените се чини ќе се зголемат.

Организација за патување: Google Trips
Слично на вашиот личен асистент, Google Trips ги следи вашите резервации, Ви препорачува
знаменитости во регионот, составува планови за секој ден врз основа на географски области или
интереси (како на пример архитектура), наоѓа места за јадење, нуди попусти за атракции и
споделува корисни информации и дава совети во случај на вонредна состојба. Немате интернет
врска? Нема проблем; можете да ги преземете сите ваши патувања, за да можете да ги видите сите
ваши информации офлајн.

Што да се стави во куфер: PackPoint
Задоволство за секој, кој мрази да собира багаж, PackPoint ќе ви помогне да го „наредите“ куферот.
Прво внесете каде одите, кога, и колку долго. Поставете дестинација на патувањето – бизнис или
одмор, потоа изберете го типот на активност што ќе го правите. Апликацијата подгтовува листа врз
основа на информациите што ги давате и очекуваната временска прогноза. Проверете што веќе сте
ставиле во коферот или лизгајте странично за да ги отстраните оние работи што нема да ви
требаат. За 2,99 долари, добивате премиум верзија без реклами и со интегрирани TripIt и Evernote.
Хотел во движење: HotelTonight

Ако сте личност која сака да има резервен план во случај вашите резервации да не успеваат,
пробајте ја HotelTonight. Само кажете каде сакате да претстојувате и на вашиот екран ќе се појави
листа на понуди. Изберете една од нив за да добиете повеќе детали. Уште неколку чекори
доплаќањето и нема да мора да спиете под отворено небо.

Совет: Можете да направите резервации однапред, но обичните понуди во последен момент се
најповолни.

Транспорт: Citymapper
Навигацијата во непознат град може да биде стресно искуство ако не ја знаете локалната
транспортна мрежа. Со Citymapper ќе се движите како да сте локалец. Едноставно изберете го
градот, потоа локацијата или посакуваниот начин на патување. Citymapper ви дава целосни и јасни
упатства за да стигнете до вашата дестинација беспрекорно.

Совети за патување: Foursquare City Guide
Со оваа апликација можете лесно да најдете место за јадење или идеја што да правите. Едноставно
внесете ја областа што сакате да ја пребарате, и тоа што барате. Користете ги флексибилните
филтри (вклучувајќи растојание, цена, моментално отворено, места каде што сте биле) за да го
намалите вашето пребарување. Изберете го предлогот за да видите дополнителни детали,
вклучувајќи оценки и фотографии. Ако ви се допаѓа, можете да го додадете во листа на омилени
места.

Најдете го патот: Google Maps
Google Maps е одличен начин за навигација во непозната населба во вашиот град, но исто така
може да биде корисна кога ќе стигнете до нова локација. Користете ја како обично. Или, ако
мислите дека интернет конекцијата е слаба, можете да ја преземете картата од областа, што ќе ја
посетите.
Конвертор на валути: XE currency
Овој едноставен конвертор ви овозможува лесно да ги одредите девизните курсеви. Само внесете
ја сумата во валутата и ќе ги видите резултатите во колку други сакате. За да додадете
алтернативна валута, допрете ја иконата за уредување и побарајте ја онаа, што одговара на местото
што ќе го посетувате. Можете да ја користите функцијата Charts за да видите како девизниот курс
варира во текот на денот.

Водич: Упатства за Lonely Planet
Овие детални водичи се како да имате туристички водич во задниот џеб. Преземете го градот, што
сакате да го посетите и повлечете преку опциите (See, Eat, Sleep, Shop, Drink и Play), за да добиете
идеи од експерти. Можете да пребарувате според категории „препорачани“ или „во близина“ и да
филтрирате според цената и подтипот активност. Кликнете за она што сте заинтересирани да
видите детален опис. Потоа можете да ги зачувате вашите омилени активности за подоцнежна
референца или да ги споделите со вашите сопатници.

Преведувач: iTranslate
Поминаа деновите, кога мораше да се обидувате да „склопите“ реченици на јазик, што не го знаете.
Користете ја оваа апликација за да ги напишете или кажете фразите и веднаш да го добиете
преводот на избраниот од вас јазик веднаш. Удобната опција „проширување“ ви овозможува да го
прикажете резултатот на целиот екран за да покажете на локалните жители со кои се обидувате да
комуницирате. Користете офлајн режим кога интернет-поврзувањето е слабо.