Huawei избра одлично име за својата мобилна платформа

од Vlatko K
145 прегледи

Ако името е важно за успехот на еден производ, Huawei може да се потпре на летачки старт за
својот мобилен оперативен систем. Тој ќе донесе убаво име, не помалку атрактивно од Android.


Притасната од санкциите на САД, кинеската компанија работи напорно за да создаде сопствен
оперативен систем за паметни телефони, но никој не знае точно кога ќе излезе и како ќе се
нарекува.

Различни извори препишуваат различни имиња на мобилната платформа, откако најчесто се
зборува за Hongmeng, Ark и Oak. Но, изгледа Huawei избра уште едно име, многу „похармонично“ од
оние што се наведени.

LetsGoDigiatal известува дека кинескиот гигант поднел барање до Европскиот патентен завод за
регистрација на нова трговска марка „Harmony“. Во описот се вели дека ќе се користи за
оперативен систем.

Неодамна, самата компанија објасни дека Hongmeng оперативниот систем е платформа за IoT
уреди. Очигледно е дека оперативниот систем за паметни телефони и таблет уреди на Huawei ќе
има друго име и Harmony звучи одлично.

Новото име е несомнено убаво, привлечно, многу посоодветно и понезаборавно од сите варијанти
за кои се зборуваше досега. Фановите на кинескиот бренд едвај ќе чекаат долго за да го дознаат
името на новиот оперативен систем – Huawei веројатно ќе ја претстави платформата подоцна оваа
година.