Се уште трае распитот на Бојан Јовановски-Боки13 , кој претходно бече фатен на гранилниот премин Богородица. Тој пред околу 2 часа беше донесен во Кривичниот суд, а во меѓувреме се случуваат и други претреси и истрагата се прошири иврз „Специјалката“ Катица Јанева.
Истовремено и друг претерес вечерва. Претресени се просториите на „1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ21.
Полицијата вечерва врши претрес во домот на родителите на Боки 13 во скопската населба Тафталиџе
Пред семејната куќа на ЈБоки 13 има полициско возило, а на влезот од дворот може да се забележи припадник на полицијата со уште две лица.
Претходно дел од медиумите објавија и дека е извршен претрес и во домот на Катица Јанева, но како што веќе објавивме и тоа не е точно, туку одземен и бил само мобилниот телефон.
Обвинителката Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“. Овој случај, односно осомничен пак се споменува како можниот сведок од истрагата која ја отвори обвинителството, односно дека тој требало да му плати осум милиони евра на Боки Јовановски за да се спаси од кривичен прогон, а обвинителките на СЈО да ги намалат или олеснат пресудите, по пто следува и неговото пуштање од притворот Шутка, а подоцна и враќање на пасошот и неговото ослободување на куќен притвор.