Snapdragon 855 Plus е дизајниран за гејминг и ВР

од Vlatko K
137 прегледи

Qualcomm ја игнорираше традицијата да издава само по еден топ модел чипсет на година,
објавувајќи ја подобрената верзија Snapdragon 855 Plus. Тој се базира на познатиот 855 дизајн и е
добра вест за Android корисниците кои бараат максимална продуктивност. Зголемен е работниот
такт на осумте јадра во чипсетот, а вградениот во него графички акцелератор Adreno 640 веќе дава
за 15 проценти поголема брзина во однос на основниот модел.


Тоа не се големи скокови напред, но Qualcomm се надева дека ќе бидат доволни за мобилниот
гејминг каде графичките перформанси се поважни од суровите бројки. Доказ за тоа е фактот дека
новиот чипсет 855 Plus ќе дебитира во гејминг моделот Asus ROG Phone II. Телефонот ќе се продава
од 23-ти јули.

Сепак, ова не е чипсет, дизајниран за 5G врска. Вградениот модем поддржува само 4G LTE, па
телефоните се уште имаат потреба од специјален X50 модем за да стигнат до мобилните брзини од
следната генерација, но тоа влече со себе потенцијални компромиси во големината и животниот
век на батеријата

Голема е веројатноста и други сериозни производители да прифатат преоден модел, бидејќи тоа е
начин да ги обноват своите телефони, без да го чекаат вистинскиот наследник на 855.

Освен тоа Qualcomm го има оптимизирано чипсетот за додадена и виртуелната реалност, како и за
вештачка интелигенција и за сите други натоварени обработки на податоци.