Затворена фабриката на лажните Ferrari и Lamborghini

од desk2
148 прегледи

Бразилската полиција затворила илегална фабрика во која се произведувале лажни автомобили од марката Ferrari и Lamborghini.

Полицијата соопшти дека е под обвинение за повреда на индустриска сопственост и ги уапсила таткото и синот во чија сопственост била работилницата, во јужната држава Санта Клара.

Автомобилите биле понудени преку социјални мрежи по цена од 45.000 до 60.000 илјади долари, што е само мал дел од цената на оригиналните автомобили.

Полицијата не прецизираше кој тип на делови биле вградени во автомобилите, но објави фотографии со елегантни модели со амблеми на тие италијански брендови.

Рацијта следела по жалбите од италијанските компании.

Запленети се осум делумно завршени автомобили, а полицијата наведува дека сé уште истражуваат колку парчиња се направени.

Слични содржини