Општините ќе добијат 117,5 милиони денари за капитални инвестиции во културата

од desk2
154 прегледи

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата, како што соопшти владината прес-служба, е со буџет од 117,5 милиони денари. Дел од средствата ќе бидат алоцирани во реконструкција на Универзалната сала во Скопје, во изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, во изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, во реконструкција и адаптација на културен „Шота“ во село Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објектот „Кино Манаки“ – Битола, како и во други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.