Студиото за анимација во Јапонија било запалено поради украдена идеја

од desk4
149 прегледи

Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.