Добро утро, „Upper East Side”. Фановите на серијата “Озборувачката” сигурно ја знаат оваа реплика. Тинејџерската драма се емитуваше од 2007 до 2012 и брзо стана сензација не само во Америка.

Приказната го трасира животот на група богати деца кои сè уште се соочуваат со живот кој е контролиран не само од нивните родители, туку и од мистериозна личност од Интернет. Некако оваа “озборувачка” знае апсолутно сè за секој лик и со уцена добива сè што сака.

На крајот од 2012 година “The Gossip Girl” остави илјадници тажни фанови зад себе, кои сè уште се надеваат дека ќе имаат нови епизоди. Па, нивната желба се исполни и ХБО објави дека во моментов работи на 10 епиздои кои ќе се емитуваат на нивниот нов HBO Max канал. Приказната ќе се развие осум години по настаните во оригиналната серија и ќе ги запознае фановите со нови ликови.

Фото: Гети

Писателот ќе биде Џош Шварц, кој исто така работел на првиот проект, но сé уште не е јасно дали другите “ветерани” ќе се вратат на екранот. Озборувачката ги прослави актерите како Блејк Лајвли, Пен Бадли, Лејтон Мезер, Ед Вествик и Чејс Крафорд.

Мајер, која шест години ја играше Блер Валдорф, рече дека никој не ја прашал за потенцијално заживување на озборувањата. Сепак, таа не ја отфрла идејата да се појави на екранот за да се врати во нејзината незаборавна улога.

Фото: Гети

Се очекува дека новата HBO платформа ќе биде објавена во 2020 година. Во прилог на новите епизоди на „Озборувачкатa”, ќе можете да ги гледате сите сезони на “Пријатели”, “Мали слатки лаги” и “Принцот од Бел Ер”.