Дескоска на средба со Брнс, Законот за ЈО клучен предизвик за Министерството за правда

од desk2
132 прегледи

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, соопшти Министерството за правда.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнс и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнс за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик што претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

Дескоска, како што стои во соопштението, истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

Амбасадорката Брнс ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и  борбата против корупцијата.