Најголемиот светски производител на пиво должи 11,3 милијарди долари

од desk2
148 прегледи

Компанијата InBev, најголемиот производител на пиво во светот, во чија сопственост се брендовите како што се Budweiser и Corona, изјави денес дека за да ги плати долговите ја продала нејзината австралиска компанија на јапонската фирма Asahi за 11,3 милијарди американски долари.

InBev, со седиште во Брисел, истакна дека скоро сите пари од бизнисот ќе бидат искористени за враќање на долгови, објави AP.

Во долгови InBev влезе бидејќи во 2008 година ја купи американската компанија Anheuser-Busch, а седум години подоцна и британскиот SABMiller.