Во сообраќајка загина маж од радовишко

од desk2
137 прегледи

 

Утрово во 1.10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, Ј.Ц.(33) од село Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „Опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.

Ј.Ц. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа СВР Струмица.