МВР: Ги демантираме информациите изнесени во „Код“ – Бојан Јовановски -Боки 13, немал полициско обезбедување

од desk4
188 прегледи

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно.

Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации.