Џо Џонас и Софи Тарнер платија богатство за меден месец на Малдивите

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Џо Џонас и неговата сопруга, Софи Тарнер, платија богатство за нивниот меден месец на Малдивите. Двојката, која неодамна одржала свадба, престојувала во луксузен стан со поглед кон морето, објавија светските медиуми.

Само една ноќ во станот, кој се наоѓа во одморалиштето Soneva Fushi, ги чини ѕвездите 10.702 долари, објави магазинот People. 

Според изворот, пејачот и неговaтa омиленa ја избрале локацијата да бидaт далеку од очите на папараците и досадните фанови, но исто така блиску до природата. 

“Рај, магично место”, актерката напиша и сподели неколку фотографии од нивниот одмор. 

Софи Тарнер, позната по нејзината игра во „Игра на тронови“ и Џо Џонас, кои неодамна ги воскреснаа браќата Џонас, се венчаа на тајна церемонија во Лас Вегас. Кратко потоа, сепак, неколку фотографии од настанот излегоа во јавноста, а потоа и двајцата одлучија да направат вистинска свадба и тоа во Париз. 

https://www.instagram.com/p/Bz5YdETBtGn/?utm_source=ig_embed