Судир на војската и полицијата во Нигерија со шиитите

од Vlatko K
139 прегледи

Нигериската армија и полиција се судрија денеска со шиитските муслимански демонстранти кои маршираа во Абуџа.

Според очевидци, по улиците на главниот град на Нигерија се слушаат пукотници.

Војниците и полицајците употребија солзавец при апсење на демонстрантите.

Шиитите маршираа во знак на протест против продолжениот притвор за нивниот лидер и покрај одлуката на судот за негово ослободување.