Три грчки бродски компании поднесоа тужба против рафинеријата на САД Филаделфија Енерџи  (ПЕС) за околу 600.000 долари, објавија грчките медиуми.Рафинеријата не платила за нафтените танкери.

Случајот беше поднесен во јужниот окружен суд во Њујорк во петокот. Тоа се денови откако американската рафинерија, која е најголема на источниот брег, поднесе барање за заштита од банкрот .

Bayview Shipping Co. SA, Skyview Marine Co. SA и Gulfview Shipping Co. SA бараат вкупно 605.160 долари, закуп на танкери, камати, судски такси и други трошоци.

Танкерите ја транспортирале суровата нафта помеѓу февруари и април.