Лабуристите најавуваат гласање недоверба за Борис Џонсон

од Vlatko K
116 прегледи

Британската опозициска Лабуристичка партија ќе предложи гласање недоверба во новиот премиер Борис Џонсон, кога ќе процени дека таквиот потег има најголеми шанси за успех, изјави денеска портпаролот на партијата.

– Ние ќе предложиме гласање недоверба во моментот кога сметаме дека ќе има најдобри шанси за успех, а тоа ќе зависи од моменталните околности, рече тој.

Според неименувани извори, британски медиуми јавија дека Лабуристичката партија нема да побара гласање недоверба оваа недела, бидејќи пратениците одат на одмор в петок.

Џонсон, попладнево и официјално ќе стане премиер на Велика Британија.