Вилијамсон доби чек пред за заигра во НБА

од Vlatko K
134 прегледи

 Првиот избор на годинешниот драфт Зион Вилијамсон, иако во октомври ќе дебитира во НБА, веќе заработи 75 милиони долари од спонзорски договор.

Младата ѕвезда на Њуорлеанс пеликанс, на 19-годишна возраст потпиша седумгодишен договор со брендот „Џордан“, од кој ќе заработи 75 милиони долари.

– Се чувствувам неверојатно благословено што станав член на семејството на брендот Џордан. Уште како дете сонував за НБА лигата и на влијанието врз играта што ја имаше и се уште го има Мајкл Џордан. Тој е еден од моите посебни спортисти на кои сум се угледал и не можам да се изразам колку сум среќен и возбуден поради ова патување, изјави Вилијамсон.

„Џордан“ е бренд во сопственост на Најк, а меѓу кошаркарските ѕвезди кои ги снабдува се Расел Вестброк, Џими Батлер, Крис Пол, Блејк Грифин и Џејсон Татум.