Honor 9X и 9X Pro – 6.59-инчен IPS LCD дисплеј, подвижна селфи камера и Kirin 810 за околу 300 евра

од Vlatko K
130 прегледи

Huawei веќе пушти мобилни телефони со „pop-up“ селфи камера и време е да се приклучи кон оваа
тенденција и нејзината филијала Honor. Ова се случува со моделите Honor 9X и 9X Pro моделите, кои
беа промовирани во Кина и во голема мера се идентични, но 9X Pro нуди неколку додатоци.


И двата уреди нудат 6.59-инчен IPS LCD дисплеј со резолуција 1080 x 2340 пиксели (слично на
Huawei P smart Z), кој не е исечен, а тоа е постигнато со поставување на 16MP (f / 2.2) селфи камера
во подвижен механизам.

И двата телефони се со чипсет Kirin 810 со осум јадра (2x A76 2.3GHz + 6x A55 1.9GHz) и графички
забрзувач Mali-G52, користат Android 9.1 со EMUI 9.1 и имаат батерија со капацитет од 4000 mAh која
поддржува полнење при 10W.