Facebook потврди дека во апликацијата Messenger Kids наменета за деца на возраст под 13 години
е пронајден „баг“, кој им дозволил во чатовите да се вклучат непознати лица. Апликацијата се
појави во 2017 година и вети сигурно место за комуникација на помладите, наместо стандардната
верзија на Messenger. Една од неговите карактеристики им овозможува на децата да разговараат
само со пријатели кои биле одобрени од родител или старател.

Токму ова ограничување го заобиколува откриениот „баг“, што им овозможил на лицата кои не се
овластени да учествуваат во групни разговори, кои може да бидат и возрасни. Компанијата веќе
споделила на некои родители дека е откриена техничка грешка која влијае на мал број групни
разговори. Тие биле деактивирани. Според The Verge, пораката била испратена до илјадници
родители.