Борис Џонсон официјално стапи на функцијатa премиер на Велика Британија.

Во првиот говор како премиер, Џонсон вети „напуштање на Европската унија на 31 октомври по секоја цена“.
– Ние ја напуштаме ЕУ по секоја цена на 31 октомври, нагласи Џонсон.
Тој е убеден дека може да се постигне договор за избегнувње проверки на границата со Ирска и дека брегзит без договор е „далечна веројатност“.
– Да, ќе има потешкотии ако нема договор, нагласи Џонсон. Тој додаде дека сака да ја обедини државата и побара ново партнерство со ЕУ
Група учесници на протести против климатските промени накратко се обидоа да го блокираат патот до Бакингемската палата додека поминуваше конвој во кој беше возилото на новиот британски премиер Борис Џонсон. Дел од демонстрантите облечени во црвено формираа синџир додека друг дел разви транспарент на кој се предупредуваше за неопходност од итна реакција поради климатските промени.