Паметните телефони, а посебно нивните батерии кои ни помагаат да ги исполниме секојдневните обврски, станаa една од главните потреби на денешното општество.

Така најновото истражување кое го спровел “Samsung” во соработка со независната истражувачка агенција “Atomic Research” покажало дека дури 35 проценти од Европејците наместо пари, попрво би одбрале полнач за телефон.
Истражувањето е спроведено на 6,519 лица постари од 18 години и седум европски земји (Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија, Унгарија, Чешка и Словачка). Резултатите покажале дека позајмување на полнач или екстерна батерија е многу важна постапка во современиот свет, и дека претставува со поврзување на лично ниво.
Во прилог на тоа зборуваат дури 62 проценти од испитаниците, кои изјавиле дека на непознато лице би му купиле кафе во замена за полнач. Освен тоа, истражувањето покажало дека подготвеноста за споделување на батерија е показател колку ви значи другата личност. На пример, 14 проценти до учесниците во истражувањето се изјасниле дека најтешко би споделиле полнач со странец.
Канцеларијата е место каде е најтешко да се позајми полнач, па дури 41 процент од испитаниците сметаат дека најиритантно прашање на работното место се однесува на позајмување на телефон или полнач. Со колегите овој уред бил го поделиле 39 проценти од испрашаните, додека на членови од семејството би го отстапиле 72 проценти од нив. На пријател или на партнер полнач ќе му позајмат 62 проценти од испитаниците.
“Samsung Galaxy S10 PowerShare” технологијата им овозможува на корисниците безжично делење на батерија за телефон со други компатибилни уреди, што воедно го олеснува и поврзувањето со луѓето околу нас.
Една третина од испитаниците би лажеле за процентот на батеријата на телефонот за да избегнат да го позајмат овој уред, што зборува за тоа дека полначот не го делиме лесно со никого.