Бритни Спирс пресреќна со своето ново момче на црвениот тепих

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Бритни Спирс и нејзиниот 25-годишен пријател Сем Асгари присуствуваа на премиерата на филмот “Си беше еднаш во Холивуд”. Ова беше нивна прва заедничка појава на црвениот тепих.

Премиерата ги собра филмските ѕвезди на Квентин Тарантино, како што се Марго Роби, Леонардо Ди Каприо и Бред Пит.

37-годишната Бритни и 25-годишниот Асгари изгледаа среќни заедно и се смееја, претставувајќи се за папараците. По сите фото-скандали кои, според зборовите на Бритни, биле манипулации, пејачката им покажала на сите дека сè со нејзината фигура е добро.

Ѕвездата беше облечена во црвен, тесен фустан до колена, кој го оцртува нејзиното тело. Нејзиниот фустан беше придружуван од црни чевли со високи потпетици “Нашата прва премиера”, напиша Спирс на сликите што ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B0Ph_93gy1m/?utm_source=ig_embed