Јапонската компанија Fujilm промовираше нов модел безбедносни камери кој овозможува
далечинско надгледување на предметите и може да види регистарски број на автомобилот на
растојание од 1 километар.

Моделот SX800 има леќа со променливо растојание на фокусирање (20-800 mm) и 40x оптички зум,
објави „The Verge“. Дополнителен дигитален зум од 1,25x ви овозможува да ја зголемите
максималната фокусна должина на 1.000mm.
Судејќи според демо видеото, новата камера на Fujilm е навистина способна да гледа далечни
објекти во детали. Квалитетот на сликата се постигнува преку систем за оптичка стабилизација,
брзи автофокуси и технологии за подобрување на сликата при магла.
Покрај тоа, камерата може да снима во мракот, бидејќи поддржува максимална ISO чувствителност
од 819.200 единици.