С.Р. (23) од село Казандол, Валандовско починал откако се повредил додека сечел дрва со моторна пила во атарот на село Серменин, соопшти полицијата.

Случајот вчера го пријавила гевгелиската болница.Според МВР, лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на момчето е дадено на обдукција.