Дали Џорџ Клуни навистина има вонбрачна ќерка?!: Скандал го “дрма“ Холивуд!

од desk2
149 прегледи

Стејси Киблер (39) му била девојка на Џорџ Клуни од 2011-та до 2013-та година, а продолжиле да се гледаат и по официјалното раскинување. Така се појавија гласините дека овој актер наводно е татко на нејзиното дете, но тој го негира тоа.

Станува збор за петгодишното девојче Ава на манекенката и актерка Стејси, а гласините почнаа да се појавуваат поради анонимното писмо кое актерот го добил на својата домашна адреса. Во тоа писмо од него се бара да направи ДНК тест за да се утврди дали тој е татко на малата Ава.

Неговата сопруга Амал (41) прва го примила писмото и го прочитала, а сето тоа ја повредило.

Веднаш побарала од сопругот да ѝ ја објасни таа ситуација. Реагирала многу лошо на гласините, а Џорџ тврдел дека е лага.

Списанието „Gossip Cop“ кое прво ја објави приказната сега ја демантираше. Во новата приказна тие признаа дека сето тоа е измислица и упатија извинување кон семејството Клуни.

Освен тоа доволно е само да ја погледнете фотографијата на која се наоѓа ќерката на Стејси и нејзиниот сопруг и без двоумење ќе сфатите колку таткото и ќерката си личат еден со друг.

https://www.instagram.com/p/BokX8D1lN7R/?utm_source=ig_embed