Дедо тешко повреден во сообраќајна несреќа

од desk2
110 прегледи

 

Во петокот,во 15.10 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ и ул.„Горно Лисиче“ во сообраќајна незгода бил повреден И. Д. (76) од Скопје.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

За настанот известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.