Некогаш најубавата жена на светот, сега жртва на 60 години помладото момче

од desk2
196 прегледи

Италијанската актерка Џина Лолобриџида кон средиуната на минатиот век беше прогласена за најубава жена на светот, а минатата недела на филмскиот фестивал на Сицилија ја прими наградата за животно дело.

92- годишната актерка , сепак не може да се радува на наградите. Таа е среде скандал , откако во вторникот нејзините адвокати објавија дека покренуваат сусдска постапка , поради тоа што таа е жртва на милионски грабеж.

Нејзиниот поранешен возач и сегашен менаџер , Андреа Пијацола (32) ја ограбил за над 3 милиони евра.

,,Му веруваше на тоа момче , а тој ја измами и ја искористи . “ , изјави адвокатот Микеле Гентилони.

Момчето е обвинето дека ја ограбувал филмската дива, дека од нејзините пари си купил Ферари Ф12 , вредно 300 000 евра . Исто така и ги одзел станот во центарот на Рим и два хотела покрај самите Шпански скалила .

Италијанскиот суд го обвини дека ја изолирал Џина Лолобриџида од семејството и пријателите , па користејќи ја нејзината немоќ и слабото здравје , со години крадел пари од нејзините сметки и ги префрлал на сметка што ја водел на име на својот татко.

Пијацола почнал да работи кај актерката кога имал 24 години , прво како возач , а потоа како секретар и на крај менаџер. Долго време се зборува за тоа каков е нивниот однос , а Лолобриџида во последното интервју рече дека Пјацола само ја следи на настаните , зашто знае англиски , на местото на нејзиниот син.

Милко Сковиц , синот на Лолобриџида и неговиот син Димитри се единствените нејзини наследници, а кон нивната тужба се приклучи и 58 годишниот Хавиер Ригау Рафолс , Шпанец и поранешен нејзин љубовник. тие биле речиси 20 години во врска , кога актерката во 2007 , точно пред свадбата, решила да ја прекине врската.

По шест години актерката дозна дека Шпанецот во 2010 година извел лажна церемонија на венчавка со неа во Барселона , користејќи друга личност , која се претставувала дека е Џина Лолобриџида.

Таа потоа покрена судски спор против Шпанецот , обвинувајќи го за фалсификат , поради желба да дојде до нејзиното богатство.

Иако актерката не снима повеќе од 20 години , во богатата кариера иам снимено над 60 филмски класици од 5- тите и 60 – тите години на минатиот век.