Шон Комбс , познат како Пи Диди (49) е во врска со младата Лори Харви (22).

Врската не би била ниошто чудна за раперот , кој често ги менува девојките , доколку Лори претходно не беше девојка на неговиот најстар син Џастин. Мајката на Лори е омажена за комичарот и водител Стив Харви.

Оваа вест е поткрепена со фотографии на Диди и на Лори , но ниту еден официјалнио не ја потврдува.

Пи Диди често може да се види со девојки далеку помлади од него , а е познат и по долгата врска со музичката ѕвезда Џенифер Лопез , со која бешe заедно од 1999 до 2001 , а сега вели дека се добри пријатели.