(Видео) Американски тинејџери во Рим убиле полицаец и мирно се вратиле во хотелот

од desk2
137 прегледи

Двајца 19- годишни Американци се уапсени во Рим откако со осум убоди со нож убиле полицаец , по што мирно се вратиле во хотелот.

Портпаролот на Карабиниерите потврди дека вчеравечер се уапсени двајцата Американци кои извршиле тешко убиство и обид за изнуда. Двајцата се од Сан Франциско и биле на одмор во Рим. Нивното движење околу хотелот го забележале безбедносните камери.

Полицаецот Марио Керчиело Рега вчера во 2 часот по полноќ бил 8 пати избоден со нож во римската четврт Прати , во близина на хотелот , каде што отседнале Американците.

Во извештајот на полицијата сенаведува дека снимките од камерите биле доволни за да се препознаат и приведат тинејџерите. Тие биле уапсени во нивната хотелска соба.

,,Се подготвуваа за да ја напуштат земјата . При претгресот на собата , најдовме голем нож со кој го извршиле убиството , кој бил добро скриен во собата , како и облеката што ја носеле за време на злосторството“, наведува полицијата.

Тие украле ранец од Италијанец и за нeгово враќање барале 100 евра и 1 грам кокаин . Човекот повикал полиција , а кога дошол полицаецот Рега , Американците му се нафрлиле и го избоделе со нож.

Италијанската полиција му оддаде почит на својот убиен колега со запалени сирени на своите возила.