Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање на јама во рудник во село Костур кај Крива Паланка.

Настанот се случил попладнево, потврдуваат од МВР при минирање на јама во рудникот. Од настанатиот одрон, починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М.
Со повреди се здобиле 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.
За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.